Бизнис
15. јуни 2017 - 22:14

Се санира патот Прилеп - Велес преку Дервен

Во должина од 15 километри ќе се санираат најкритичните точки на стариот пат Прилеп – Велес преку Дервен. Санацијата ќе ја изведуваат Јавното претпријатие за државни патишта во соработка со „Македонија пат“ и концесионерите на рудниците за мермер, кои гравитираат над Вештачкото Езеро во Прилеп.
 
Овој регионален патен правец е еден од најексплоатираните во Општина Прилеп бидејќи тука се наоѓаат неколку рудници за мермер, голем број викенд куќи, како и манастири.
 
Овие санативни зафати се очекува да бидат завршени најдоцна до крајот на месецов. Инаку, постои и долгогодишна идеја за целосна реконструкција на овој патен правец со што растојанието меѓу Прилеп и Велес би се скратило за околу 20 – тина километри.