Џет-Сет
3. April 2017 - 11:10

Се разведе пред помалку од месец - Беквалац во врска со познатиот пејач?

Наташа Беквалац се разведе пред помалку од еден месец, а веќе најде ново момче, како што пишуваат српските медиуми.

Имено, откако пред две години се шушкаше и шпекулираше дека убавата пејачка од Нови Сад е во врска со Саша Ковачевиќ, тој викендов бил забележан на нејзиниот настап, како весело пее и и се смее на пејачката.

Наташа пред да дојде на бината и да го земе микрофонот во раце, уживала во негово друштво.

Инаку, вториот брак на Беквалац пукна повторно поради наводно неверство.