-->
-->
Се разделија Шакира и Пике
-->
Колумбиските медиуми објавија вест дека стоперот на Барселона, Жерард Пике и пејачката ѕвезда Шакира повеќе не се во врска.
Наводно, Шакира го напуштила семејниот дом во Барселона, а двојката последен пат заедно е видена на свадбата на Лионел Меси и Антонела Рокузо во јуни годинава. Засега ниеден од нив не го потврдува раскинот, но ова не е првпат да се зборува така за нив.
Минатата година Пике беше фатен во ноќен клуб по што излегоа шпекулации дека ја изневерува својата девојка. Само неколку дена подоцна двајцата се фотографираа и објавија заедничка слика на социјалните мрежи.
Пике и Шакира се во врска од Светското првенство во Јужна Африка пред седум години, а ги имаат двата сина Милан и Саша.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари