Македонија
20. September 2015 - 20:03

Се расчистуваат последиците од невремето во Скопје

Поради силното невреме со обилни врнежи што во изминативе неколку часа го зафати Скопје, екипи на Градот Скопје и јавните претпријатија излегоа на терен и ги расчистуваат последиците од невремето.

Екипите, соопшти Град Скопје, на терен детектирале повеќе паднати гранки и скршени дрвја кои се отстрануваат.