Македонија
22. July 2017 - 15:54

Се расчистува просторот долж улицата „Васил Чакаларов“

Градот Скопје и Општина Карпош започнаа акција за расчистување на голема неуредена површина долж улицата „Васил Чакаларов“, која подолг период е запуштена и обрасната со вегетација, а на неа е создадена и голема депонија од градежен шут.

Како што соопштија од Град Скопје, увид во уредувањето и чистењето на просторот кој се протега од крстосницата на крајот на бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до објектите „Порта Козле“ кон фабриката Реплек, денеска извршија градоначалниците на Град Скопје, Коце Трајановски и на Општина Карпош, Стевче Јакимовски, како и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Душан Авировиќ.

На терен екипи на ЈП „Комунална хигиена“ и ЈП „Паркови и зеленило“ работат на работат на чистење на ѓубрето, односно уредување на вегетацијата, додека екипи на ЈП „Улици и патишта“ со механизација го расчистуваат теренот и транспортираат градежниот шут.