Бизарно но вистинито
2. February 2016 - 15:06

Се продава најпроколнатата куќа: Сопственикот истрауматизирана од демони, духови и...

Ванеса Мишел (43), се преселила во својата нова куќа позната како "Кафез" во 2004 година но не била свесна за репутацијата која ја имала куќата.
 
Нејзината куќа била средновековен затвор со ужасна историја. Куќата била англиски ценар познат по лов на вештерки, тоа било место каде 8 жени умреле откако биле обвинети за вештерство во 16-тиот век.
 
После 11 години на морничави случувања, Мишел сега се обидува да ја продаде својата куќа. Вториот најдолг сопственик истата ја продал по само 4 години, па Мишел сега се обидува да ја напушти истата по серија на инциденти за кои тврди дека имаат натприродна моќ.
 
Не само што Ванеса видела духови, туку таа била и турната додека била во поодмината бременост, удрена од невидлива рака, а видела и мистериозни дамки крв кои се појавиле на подот. 
 
Зошто ја продава по 11 години?
 
Таа решила да ја продаде куќата по снимка од безбедносна камера. Снимката наводно покажува лице на демонска коза, што дефинитивно нешто што не сакате да го видите во својата куќа. Мишел верува дека ова е доказ дека нејзината куќа е пола со духови.
 
Таа рекла: "Искрено верувам дека куќата е проклета, живеам веќе таму со години, но кога видов страшно црна фигура како стои помеѓу мене и мојот син, тоа беше последната капка која ја прелеа чашата."
 
Снимката од последните неколку години покажува сатанска коза која само докажува дека ова место е населено со нешто навистина лошо но и зло.
 
"Многу ретко се враќам во куќата, никогаш не одам сама, се трудам воопшто да не влезам внатре - знам што има внатре и не сакам да влезам за да ме препознае."