Македонија
12. September 2017 - 13:59

Се превртел и излетал од патот - страотна сообраќајка на регионалниот пат Скопје - Катланово

Околу 17 часот вчера на регионалниот пат Скопје-Катланово, 63-годишниот В.Т. од селото Каратманово-Свети Николе, управувајќи патничко моторно возило „Шкода Фелиција“ со штипски регистерски таблици, изгубил контрола и се превртел.

Во незгодата се здобил со тешки телесни повреди и тоа фрактури на десно рамо, ребро и напукнат пршлен, кои биле констатирани во Ургентен Центар-Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Се работи на целосно расчистување на случајот.