Се породила, а после шест недели дознала дека е бремена со идентични близнаци
Мајка која го родила своето прво дете на 27 години, по само шест недели дознала дека е бремена со идентични близнаци! Елза Курби од Сиднеј не ни размислувала за контрацепција по раѓањето на нејзиното прво бебе Чарли во јануари, 2016 година. Младата мајка отсекогаш верувала на „бабините деветини“ дека „не можеш да забремениш ако доиш“, но во нејзиниот случај се докажало дека тоа не е така.
„Доењето нема врска, оваа бременост се случи и реална е“ вели таа. „Мојот доктор ме користи како пример за двојките кои мислат дека не им треба контрацепција веднаш по раѓањето на нивното прво бебе.
Веднаш знаев дека сум бремена бидејќи кога се разбудив се чувствував како да ме удриле по глава со безбол палка. Требаше да направам четири тестови за бременост за на крајот еден да се покаже позитивен.“
Г-ѓа Курби и нејзиниот партнер, 38-годишниот Бен не верувале на првиот доктор кој им кажал дека по вторпат е бремена со близнаци.
„Кога дознавме, лицето на Бен едноставно побеле“, вели таа. „И така, две недели живееве во неверица – едноставно мислевме дека докторот е нов и не знае. И кога ни потврдија – никогаш во животот не сум била толку вознемирена.“
Но, сега младиот брачен пар и нивните семејства се радуваат на среќа која се случува многу ретко.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација