Македонија
10. August 2016 - 11:19

Се породи жената што беше приклештена во автомобил во сообраќајка на патот Градско-Прилеп

Бремената жена која доживеа хорор кога остана приклештена во автомобил по страшна сообраќајка на патот Градско-Прилеп, се породи. Бремената жена поради која пожарникарите мораа да го сечат возилото, вчера на свет донесе бебенце, пренесува Дневник.

Жената се породила со царски рез како итен случај и заедно со бебето е во добра состојба, пишува порталот.

Инаку, сообраќајката се случи завчера во 7 часот и30 минути кога се судрија две возила. Две лица беа повредени.

За среќа драмата немаше трагичен крај.