Спорт плус
11. December 2017 - 12:54

Се појави видео кое УФЦ сака да го забрани: Поранешна шампионка едвај преживеала поради суровите методи на отстранување килограми!

Јоана Једржејчик, поранешна УФЦ шампионка во категоријата од 48 д 52 килограми, доживеала брутален метод за отстранување на килограми пред борба во УФЦ.

Полјакинката неодамна го доживеала првиот пораз во УФЦ кариерата по 14 победи и го изгубила појасот од Роуз Намајунас, која ја нокаутирала пред повеќе од еден месец.

Фановите на Јоана објавиле видео кое УФЦ го забранило, а на кое се гледа бруталниот метод за отстранување на килограми на Јоана пред официјалното мерење.

Поранешната шампионка минала низ вистински пекол за да го отстрани вишокот килограми и борбата да биде официјална.

Таа влевгла во када полна со врела вода, што би предизвилкали прекумерно потење со кое би изгубила килограми и би дошла најмалку до 52.

Потсетуваме неодамна една млада УФЦ учесничка починала поради последици од нагло губење на килограми со слични методи, а УФЦ се почесто е мета на критики поради ова.