Балкан
21. October 2017 - 11:55

Се појави нов сведок во случајот Марјановиќ - откри нови детали и направи пресврт

Еден од тројцата нови сведоци откри нови, досега непознати детали за убиството на пејачката Јелена Марјановиќ Крсмановиќ.

Според зборовите на Зоран, Јелена исчезнала на 2. април 2016 година, а нејзиното тело е пронајдено во каналот од насипот, каде што последен пат била видена жива. Од нејзиното исчезнување до пријавувањето во полиција минале неколку часа, па тој дел не им е јасен на истражувачите и испитуваат зошто Зоран чекал толку долго.

Тој веднаш ги повикал пријателите и колегите да дојдат на насипот и да помогнат во потрагата, при што е уништен голем број на траги, па поради тоа и истрагата била успорена.

Според зборовите на новиот сведок, еден член од семејството Марјановиќ, во текот на ноќта за време на потрагата стоел неолку метри од местото каде што е пронајденот телото. Тој член од семејството го премолчил тој факт и не кажувал што видел.

Меѓутоа, постои друг сведок кој може да ги фрли во сенка сите тврдења, а тоа е братучетката на Јелена, која во целост може да ја реши дилемата околу последниот разговор меѓу Јелена и нејзината, сега веќе покојна мајка.