Се откажува прославата за Нова година на Градскиот плоштад, парите за Детската болница Козле
Се откажува пречекот на Новата 2018 година, а планираните средства ќе се донираат за Детската болница Козле. Ова на денешната седница на Советот на Град Скопје го соопшти градоначалникот Петре Шилегов.
Шилегов истакна дека следејќи ги препораките да не се одржуваат средби на отворено, пречекот се откажува и ги повика и спонзорите да ги донираат средствата предвидени за прославата на оваа ноќ во добротворни цели.
- Ќе го повикам главниот спонзор Телеком да направиме напори тие средства да завршат таму кадешто се најпотребни, истакна Шилегов на денешната седница на Советот.
Ова е вторпат прославата за Нова година во Скопје да биде откажана, откако минатата година се донесе истата одлука. Градските власти информираат дека ќе се одржат предновогодишните празнични активности-базар на ракотворби, дедомразовски трки, детска програма.
Ново на Сител
-
Изненадување во Мајами: Алкараз елиминиран од Димитров
-
Ѓоковиќ се уште не избрал нов тренер
-
Експлозија во најголемата романска нафтена рафинерија Петромидија, нема повредени
-
Лавров: Украинскиот план вклучува повлекување на нашата војска од освоените територии
-
Најмалку четири лица загинаа во невремето во Шпанија
-
Земјотрес во Грција со јачина од 5,7 степени
-
Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел
-
Куќен притвор од 48 часа за две лица поради убиството на лекарот во Железара