Свет
21. November 2017 - 9:42

Се очекува жестока расправа во Бундестагот

Во германскиот Парламент денеска ќе се одвива жестока расправа, откако пропаднаа преговорите за формирање на коалициска влада, предводени од германската канцеларка Ангела Меркел. 

Пратениците на партијата Алтернатива за Германија (АфД) планираат да го искористат неуспехот на преговорите што беа водени меѓу Христијанско-демократска унија (ЦДУ), нејзината сестринска Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), Слободната демократска партија (ФДП) и Зелените. 

Денешната седница на Бундестагот, ќе биде втора по ред каде пратениците на АфД ќе присуствуваат во Парламентот откако нивната партија, како прва голема десничарска партија, влезе во Парламентот од Втората светска војна. 

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнемајер денеска ќе се состане со лидерите на ФДП Кристијан Линдер, на Зелените Симон Петер, и Цел Оздемир, со цел да оцени дали е возможно да бидат обновени трилатералните преговори за коалицијата на ЦДУ и ЦСУ.

Како што јави МИА, Меркел синоќа наведе дека смета оти е подобро да бидат одржани нови избори отколку малцинска влада.