Се обидел да сокрие, но го фатиле на дело - полицијата упадна во куќа во Кичево
Во домот на 49-годишниот С.Ѓ. од Кичево синоќа упаднала полиција, по наредба од Основен суд –Кичево.
Извршен е претрес во неговата куќа, при што бил забележан неговиот син Ј.Ѓ. како во патничко моторно возило „Чироки“ со кичевски регистарки ознаки, става огнено оружје.
Од страна на полициските службеници извршен е преглед во возилото, при што пронајдени и одземени се: три пиштоли, една автоматска пушка, една полуавтоматска пушка, ловна и воздушна пушка, рачна бомба, една граната за светлосен сигнал, една звучна граната, топовски удар, повеќе оквири за автоматска и пиштолска муниција и околу 270 парчиња пиштолска и автоматска муниција.
Ј.Ѓ. е лишен од слобода и однесен во Полициската станица -Кичево , а од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата