Македонија
28. February 2016 - 14:23

Се обеси 20-годишна девојка од Скопје

Вчера околу 13,20 часот од страна на ГОБ „Св.Наум Охридски“-Скопје во ЕИК пријавено било дека кај нив околу 10,00 часот била донесена Самра Л. (20) која била донесена во тешка здравствена сосотојба по обид да изврши самоубиство со бесење. 

По неуспешна реанимација истата починала.

Увид извршила екипа од СВР-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата е предадено на Институтот за Судска Медицина за обдукција.

Ова е второ самоубиство во рок од два дена во Македонија. Завчера средовечен охриѓанец си го одзеде животот скокајќи од тераса.