Балкан
20. October 2017 - 9:22

Се наѕира крајот: Овие седум клучни докази водат кон убиецот на Јелена

Центарот за форензички истражувања на чело со Ненад Шипка упати барање до обвинителството во Белград да се истражат седумте клучни докази, кои водат до убиецот на пејачката на Гранд, Јелена Марјановиќ.

Како што пишуваат српските медиуми, едно од барањата е да се сослуша И.А. сопственик на комбе, кој тоа ден и ден пред исчезнувањето на Јелена, нејзин пријател го видел во дворот на семејната куќа на Зоран Марјановиќ, како и на насипот кае е пронајдена пејачката, недалеку од каналот. Според неофицијални информации постои сомнение дека Јелена е убиена, па со тоа возило пренесена на насипот и фрлена во каналот.

Се додава и дека доколку комбето не е уништено треба детално да се прегледа за да се утврди дали во него има поедини трагови кои може да доведат до врска со злосторот.

Клучни докази се:

1. Да се сослуша И.А. сопственик на комбето

2. Детална претрага на комбето

3. Проверка на телефонот на Марјановиќ

4. Испитување на сведокот кој го видел Зоран во близина на насипот

5. Проверка на телефонот на Јелена

6. Која е девојката со црна коса која трчала на насипот

7. Сослушување на позната пејачка поради објаснување на нејзината улога во пријавувањето на исчезнувањето на Јелена