-->
-->
Се наѕира кавга меѓу ѕвездите на „Брзи и бесни“
-->
Ѕвездата од серијалот „Брзи и бесни“, Тајриз Гибсон јавно го моли и преколнува својот колега Двејн Џонсон да не го изневерува тимот со евентуално спин-оф продолжение на франшизата.
Имено, Гибсон на Инстаграм прво се пожали дека неговиот драг пријател не му враќа на пораките, па тие коментари беа избришани.
- Не сакам да чујам ништо од тебе се дури не се сетиш што зборувавме. Јас сум на твојот (Инстаграм) профил оти ти не ми враќаш на СМС пораките. „Брзите“ се она семејство... Ние не „летаме“ сами, објави потоа Гибсон на својот профил.
Периодов инаку, се појавија гласини дека Двејн и Џејсон Стејтам преговарале за спин-оф продолжение на приказната, но продуцентот и главната ѕвезда на седумте од вкупно осумте филма, Вин Дизел не се согласиле.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено
-
Израел изведе напади на југот на Сирија
-
МОН ги известило училиштата неработните денови да бидат одработени во саботи
-
Точно 353 балерини го соборија рекордот во „бурè“ танц на прсти
-
„Гугл мапс“ ќе може да го посочува најблискиот полнач за електромобили
-
ЕП: Ракометарките против Шведска, Унгарија и Турција
-
УЕФА ја казни Барселона
-
Ѓорческа не го помина второто коло на фјучрсот во Копер