Фудбал
7. February 2017 - 11:58

Се испотепаа навивачи во Еквадор

Натпреварот помеѓу Барселона и Макара во фудбалското првенство на Еквадор е прекинат поради нередите на навивачите кои во таа прилика користеа ножеви. 
Мечот од 2. коло  е прекинат уште во 11. минута поради хаосот на трибините кој го предизвикаа домашните фанови а резултираше со 50 повредени откако е користено различно оружје меѓу што и ножеви. 
Дури 7 лица се потешко повредени а реагираше и полицијата по што судијата го прекина мечот кој утредента се одигра пред празни трибини и заврши со резултат 1-1. 
 
https://