Македонија
4. May 2017 - 17:21

Се гради уништениот мост од поплавите на река Брегалница кај Зрновци

Работници и механизација на конзорциумот „Фресине –Гранит“ од Скопје работат на изградбата на мостот на река Брегалница кај село Зрновци, уништен во поплавите во февруари 2015 година.

- По изградба  на главните чипови за поставување на столбовите, кои ќе бидат носители на конструкцијата на мостот, градежна механизација на конзорциумот „Фресине –Гранит“ ги постави основите за столбовите на мостот и започна со поставување на конструкцијата на мостот. Реката Брегалница е пренасочена во делот каде што моментно не се работи, изјави градоначалникот на Зрновци Блаже Станков.

Мостот е со должина од 96,5 метри и е широк седум метри. Вкупната инвестиција изнесува 800 илјади долари средства обезбедени од Европската унија преку УНДП.

Носители на активностите за изградбата на мостот кој ке ја поврзува општина Зрновци со Кочани се Министерството за транспорт и врски,Министерството за земјоделие и општина Зрновци.

Сообраќајот помеѓу општините Зрновци и Кочани се одвива по алтернативно решение на неколку метри под мостот. Целосната изградба на мостот се очекува да заврши до крајот на јули.