-->
-->
Се гради атмосферска канализација во Долно Лисиче
-->
Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска направија увид во градежните работи во Долно Лисиче каде е почната изградбата на атмосферска канализација.
Ова е прва атмосферска канализација во тоа населено место, која ќе биде изградена во должина од околу 1.800 метри, на улиците „1“ и „20“ во Долно Лисиче. Таа е од витално значење за жителите во тој дел на Долно Лисиче, затоа што ќе овозможи собирање и одведување на атмосферските води во реката Вардар.
Изградбата на атмосферската канализација ќе чини околу 24 милиони денари, а средствата се обезбедени по половина од општина Аеродром и Град Скопје.
- Откако изградивме фекална канализација, ја реконструиравме водоводната мрежа и целосно ги асфалтиравме сите улици во Долно Лисиче, покрај кои изградивме тротоари и улично осветлување, деновиве почна и изградба на атмосферска канализација, што се случува за првпат од постоењето на ова населено место. Со тоа целосно ќе се заокружи инфраструктурата и Долно Лисиче ќе ги добие сите неопходни услови и атрибути на една урбана средина, рече градоначалникот Коневски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор