Се гради атмосферска канализација на улиците „Џон Кенеди“ и „Кемал Ататурк“
Градот Скопје денеска го започна проектот за изградба на атмосферска канализација на улиците „Џон Кенеди“ и „Кемал Ататурк“.
На почетокот на градежните работи присуствуваше градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, членови на Советот, како и претставници од Општина Чаир.
- Со овој градежен зафат, по должината на улиците „Џон Кенеди“ и „Кемал Ататурк“ ќе се изгради нова атмосферска канализација со вкупна должина од 800 метри, каде што ќе се постават цевки со голем профил од 1.200 милиметри. Новата атмосферска канализација ќе заврши во приклучна шахта на улицата „Цветан Димов“. Со изградбата на оваа атмосферска канализација ќе се подобри одведувањето на атмосферските води од овој дел на општината Чаир и ќе се реши деценискиот проблем на околните жители, рече градоначалникот Трајановски.
Рокот на изведба е три месеци, но Трајановски посочи дека било добиено ветување од изведувачите дека градежните работи ќе бидат поинтензивни и дека ќе завршат до почетокот на новата учебна година.
Ова е вториот капитален проект којшто почна да се реализира на територијата на Општина Чаир изминативе неколку месеци, заедно со проширувањето на булевар „Христијан Тодоровски Карпош“. Ова, според Трајановски, е показател за одличната соработка која Градот Скопје ја има со Општина Чаир.
За изградбата на оваа атмосферска канализација на улиците „Џон Кенеди“ и „Кемал Ататурк“, Градот Скопје ќе вложи околу 23 милиони денари, додека на терен ќе работат екипите на компанијата „ЈУ БАЈ 2 АМЕТ“ ДООЕЛ Скопје.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море