Бизнис
15. August 2017 - 20:11

Се чистат одводните канали во прилепско пред претстојните есенски дождови

Во должина од 2 километри, во близина на прилепското Кадино Село, Водостопанското претпријатие “Прилепско поле”, продолжува со  чистењето на одводните канали како превентивна активност од зголемувањето на водостоите пред престојните дождови. Станува збор за продолжение на годишната програма на Претпријатието со која треба да се спречат поплавите врз обработливите земјоделски површини, но, и на населените места. Во моментов се работи на расчистување на насипите од ниска и висока вегетација на Градската Река, кои создаваат проблеми за непречен проток на водата.
 
Со чистењето на коритото од Градската Река ќе се намали талогот од земја и отпад, а тоа ќе значи и навремена заштита од престојните есенски дождови.   
 
Инаку, освен овде, се работи и на санацијата на дел од Селечка Река, како и на Дабничкиот канал кои се и најпотенцијалните опасности за поплавување при поројни дождови.