Бизнис
7. December 2016 - 19:45

Се асфалтираат улиците во Ѓорче Петров кои беа оштетени од поплавите

Почнува реконструкцијата и асфалтирањето на преку 30 улици во населбата Ѓорче Петров. Обновата  е продолжение на проектот со кој  се реконструираат улиците кои беа оштетени од поплавите во август. Како што информираат надлежните покрај локалните патишта во Ѓорче ,  завршува и обновата на канализацијата во Волково. Инвестицијата е вредна 500 000 евра.

Градоначалникот на општината посочи дека со доградбата на канлизацијата се  затвараат околу 6000 септички јами кои биле еколошка бомба за жителите.

Претходно беше санирана инфрсатруктурата во општина Гази Баба која беше најпогодена од поплавите . За обнова на локалните патишта беа издвоени околу 6 милиони евра, а дополнително уште толку средства се обезбедени за санација на обиколницата.