Македонија
6. August 2015 - 9:48

Се апсат лица кои учествувале во борбите во Сирија - Досега приведени седум лица

МВР од рано утринава спроведува антитерористичка акција во неколку градови во државата за апсење членови на ИСИЛ.
 
Акцијата е во насока за приведување на лица за кои постојат сомненија дека учествувале во паравоени формации во Сирија и во други региони каде има воени конфликти.
 
Според првичните информации, приведени се и лица кои врбувале македонски државјани за да учествуваат во борбите во Сирија.
 
 Досега се приведени седум лица, а полицијата се уште трага и по други.
 
Акцијата и претресите се одвиваат во Скопје, Струга, Куманово, Тетово, Гостивар, а за финалната фаза се ангажирани специјалците на МВР. Претреси се извршени и во помошни простории на џамија во Скопје која подолг временски период не е под контрола на ИВЗ.
 
Подетални информации МВР најави во текот на денот.