Свет
21. August 2017 - 9:40

Се активира вулкан на Камчатка

Најголемиот евроазиски вулкан Кључевскаја, кој се наоѓа на рускиот полуостров Камчатка, исфрли пепел во висина од шест километри над морското ниво, соопштија денеска официјални претставници, додавајќи дека е издадено портокалово предупредување за авијацијата.

- Пепелта е проширена 250 километри северозападно од вулканот, тврдат официјалните претставници, а одделот при руското Министерство за за вонредни ситуации во Камчатка соопшти дека не е забележана пепел во локалните населби.

Портокаловото предупредување укажува на опасност од ерупции и е наменето за авионите кои сообраќаат на локални и меѓународни летови.