СДСМ во Собранието ќе поднесе предлог за укинување на екстерното тестирање
СДСМ најави дека денеска до Парламентот ќе ги достават предлог измените на законите за основно и за средно образование со кое ќе се укине екстерното тестирање.
- Очекуваме по скратена постапка да се донесат законските измени и уште од оваа година да се укине екстерното тестирање за учениците од основното и средното образование. Ветивме дека меѓу првите наши приоритети ќе биде укинувањето на штетниот таканарен проект екстерното тестирање што предизвика трауми кај учениците, стресови кај родителите, казни за наставниците. Сакаме да ги заштитите учениците, родителите, наставниците и професорите уште оваа година, да не треба да поминуваат низ голготата низ којашто поминуваат години наназад, изјави пратеникот Стефан Богоев.
Тој додаде дека овој проект дал негативни резултати, наместо да влијае на подобрување на образовниот процес.
- Обратно од се ова, новата влада и новото парламентарно мнозинство се цврсто определени да работат на решенија што ќе придонесуваат за квалитетно образование од коешто ќе излегуваат оспособени и стручни кадри. Ќе работиме, како што ветивме, не преку казни, туку по принципот на награди. Така ќе ги мотивираме учениците, наставниците и професорите, училиштата, да се заложуваат за резултати во образованието, како важен сегмент преку коишто ќе се развива и општеството во коешто живееме, рече Богоев.
Тој ги повикува сите политички партии да го поддржат овој предлог во интерес на учениците, наставниците, родителите и граѓаните.
Ново на Сител
-
Министерот Тошковски во посета на ОВР Кичево и полициските одделенија Зајас и Осломеј
-
Украден сеф со пари од менувачница во Чаир
-
Две жени пријавиле семејно насилство, едната од сегашниот другата од поранешниот сопруг
-
МЗ: Позитивен став кон приватните специјализанти, но решение после изборите
-
Трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена двегодишната Данка издадени на вештачење
-
Виничанец починал во дворот на сограѓанин
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани