Македонија
25. February 2016 - 16:24

СДСМ во 2009 гласал против измените во Законот за помилувања, а денес имаат спротивен став

Прво тврделе дека измените на Законот за помилување се против уставени а сега протестираат пред уставниот суд затоа што ја прифатил иницијативата за оценување на уставноста на овој закон.

СДСМ и нејзините пратеници во Собранието на 9ти јануари 2009та гласале против предлозите на министерството за правда за ограничување на правото на претседателот на државата да помилува лица осудени за педофилија, дрога, тероризам и изборни нерегуларности.

Стенограмите од оваа седница покажуваат дека пратениците согласно партискиот став биле против измените на Законот за помилување. На листата се наоѓаат имињата на пратеничката Цветанка Иванова, Јани Макрадули, Андреј Петров, Марјанчо Николов и други.

- Според мене, овој закон ќе падне на Уставен суд и тоа нема да е нешто ново, затоа што голем број на закони кои ова парламентарно мнозинство или оваа Влада ги предлага, ова парламентарно мнозинство слепо ги подржува паѓа на уставен суд и овој закон иста така ќе падне, затоа што според мене сметам овој закон е дискриминаторски закон, рекла пратеничката иванова.

Истата пратеничка на СДСМ денеска има поинаков став. На својот фејсбук профил таа вчера го осудила приваќањето на иницијативата во Уставниот Суд.

Ако во 2009та сметала дека измените на Законот се против уставни, таа сега смета дека Уставните судии се срам иако тие постапуваат согласно ставот на СДСМ изразен во 2009та.

- ЕЕЕЈ уставен суд, да станат нашите професори да видат што се прави, од срам поново ќе умрат – пишува Иванова.

Слична е состојбата и со медиумите и интелектуалците блиски до СДСМ. Во истиот период Љубомир Данаилов Фрчкоски застанува против промената на членот од уставот и го брани правото на Црвенковски да помилува лица обвиниети за изборни манипулации.

Проопозицискиот “Утрински весник“ на 04.01 2009та, во текстот потпишан од новинарката Гордана Дувњак, анализира дека ограничувањето на правото на помилување на претседателот е против уставен чин.

Во истиот весник, во текст потпишан од истата новинарка, вчера излезе анализа за тоа како Уставниот суд ќе му го врател правото на претседателот да помилува осудени за изборни манипулации.