СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ внесува вознемиреност меѓу граѓаните со лажни вести за населување мигранти
СДСМ во реакција на соопштение на ВМРО-ДПМНЕ наведува дека ВМРО-ДПМНЕ преку тенденциозно ширење лажни вести за наводно трајно населување на десетици илјади мигранти и нивно вработување, продолжува да внесува вознемиреност помеѓу граѓаните.
Од СДСМ посочуваат дека предлог Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 е само надградба на иста таква стратегија за периодот 2009–2015 година. Се работи, според нив, за документ што е јавно објавен и отворен за сугестии и истиот служи како патоказ и нема обврзувачки акти кон кое било министерство или институција, посочуваат од СДСМ.
- Преку наводната загриженост за необврзувачки документ, Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ најпосле ги призна катастрофалните политики што таа партија ги спроведуваше во изминатите 11 години. ВМРО-ДПМНЕ преку денешното соопштение призна дека Македонија се соочува со висок степен на сиромаштија и висока стапка на невработеност и призна дека во изминатите години стотици илјади граѓани беа приморани да се иселат од државата поради катастрофалните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ, стои во реакцијата.
Се додава дфека токму затоа денес ВМРО-ДПМНЕ е опозиција и токму затоа мнозинството граѓани гласаше за промени и за нова влада предводена од СДСМ која ги решава напластените проблеми и работи отчетно, отворено и исклучиво во интерес на граѓаните и државата.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот