Македонија
22. November 2016 - 16:37

СДСМ вчера со митинзи во Прилеп и Крушево

Со слоганот „План за живот во Македонија“ вчера опозицијата предводена од СДСМ од Припеп ја стартување предизборната кампања за предвремените парламентарни избори.

На митингот пред присутните се обрати  претседателот на СДСМ и носител на листата за пратеници во Четвртата изборна единица, Зоран Заев. Тој презентираше дел од програма и ја побара довербата од гласачите. Заев најави економски проекти и бесплатно болничко лекување.

- Ќе се залагаме за повисоки плати. Мора просечната плата да биде не помалку од 30.000 денари. Тутунот ќе биде повторно поддржан со субвенции. Ќе има само три класи: третата ќе биде 60, втората класа ќе се субвенционира со 70, а првата класа со 80 денари за еден килограм. Ќе се стимулира квалитетот, рече Зоран Заев, претседател на СДСМ.

На митингот на коалицијата предводена од СДСМ беа претставени кандидатите за пратеници од Прилеп во Четвртата изборна единица, Кети Смилеска и Хари Локвенец, а на плоштадот беа присутни и носителите на листите во останатите изборни единици.