Македонија
6. December 2016 - 17:30

СДСМ вчера ја претстави програмата во југо-западна Македонија

Последната недела од предизворната кампања, коалицијата предводена од СДСМ ја почна од југозападна Македонија. Синоќа имаа митинзи во Дебар, Струга и Охрид. Презентирајќи дел од програмата, лидерот на СДСМ Зоран Заев ја побара поддршката од присутните симпатизери.

Пред стружани и охриѓани зборуваа и дел од кандидатите за пратеници од СДСМ и Коалицијата.

На митинзите говори за нивните животни приказни имаа и граѓани од Дебар, Струга и Охрид.