Македонија
13. September 2016 - 16:30

СДСМ удри по градоначалничката Теута Арифи, кога ќе дојдат на власт ќе направат градот да има водовод

Вие имате право и на здрава животна средина и на чист воздух. Но, знаеме дека ваша најголема болка е тоа што немате доволни количини вода за пиење. Знаеме дека постојните рестрикции во водоснабдувањето и сувите чешми се проблем со кои се соочувате особено во летниот период. Знаеме дека две децении се надевате дека ќе добиете нов водовод со кои ќе ви се решат проблемите со водата за пиење. Сите знаеме дека е срамота во 21 век граѓаните да полнат вода во шишиња и буриња за да имаат за основните потреби. Згора на тоа да плаќаат и сметки за вода која што не ја добиваат. На граѓаните им е доста од лагите на политичарите кои наводно почнаа да градат водовод уште во 2000-та година, а не го завршиле. Затоа од тука порачуваме дека целосно изградба на водовод на територијата на општина Тетово мора да биде приоритет на секоја влада и секоја локална самоуправа. Срамно е што досега не беше така, изјави Пеце Мирчевски, член на ИО на СДСМ