Македонија
19. April 2016 - 23:31

СДСМ СОРОС и БЕСА и вечерва протестираа во Скопје

Фасадата на министерството за правда беше метата на вечерашните протесто на СДСм, СОРОС и Беса. Протестот кој започна пред Специјалното јавно обвинителство и вечерва имаше слично сценарио- демонстрантите со кеси боја удрија по зградата која неодамна доби нов лик.

Кога демонстрантите стигнаа пред зградата на Собранието, продолжија скандирањата против актуелната власт, а беше побарана и оставка од претседателот,поништување на одлуката за аболиција на политичарите, повлекување на одлуката за избори на 5 јуни и формирање на експертска влада. Потоа насобраните граѓаните преку плоштадот Македонија, стигнаа пред Владата.

По половина час, протестниот марш продолжи кон Канцеларијата на ЕУ во Скопје, но полицискиот кордон поставен пред театарот “Комедија” не им дозволи на граѓаните да се движат понатаму. Ситуацијата во тие моменти беше тензична, но без инциденти.