Македонија
7. October 2017 - 16:33

СДСМ со митинзи во Виница и Кочани

Форумите со граѓаните ќе станат редовна пракса, со што ќе се втемели новиот принцип на работа на идните градоначалници од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, порача лидерот на партијата Зоран Заев од Штип.

- По пат на дебата имаме намера да ги дикутираме сите актуелни проблеми, да ги даваме насоките на нивно решавање и да ги дадаваме приоритетите за Штип. Овие форуми се нешто што навистина ќе биде пракса, каде што градоначалникот во дебата со сите маала, со сите урбани заедници, со месните заедници во населените места ќе ги отвараат проблематичните ситуации во општина Штип и на тој начин ќе дадат насоки за нивно приоритизирање  и брзо решавање на проблемите-изјави Зоран Заев претседател на СДСМ

- Јас како иден градоначалник на општина Штип, немам намера да носам сам одлуки и затоа овие дебати се одлични да покажеме како ќе носиме одлуки во идниот период. Јас веќе остварив средба и со невладини организации и со граќански здруженија, но гги повикав и сите граѓани, и членови на политички партии и луѓе кои не се членови на партии да ја дадат својата поддршка за да го направиме Штип најубав град во Р. Македонија. Убеден сум дека ќе го направиме тоа и во иднина ќе работиме заедно со поддршка на централната влада да направиме крупни капитални проекти и исчекори што ќе ги направт горди штипјани на тоа што сме го направиле веќе после 4 години-изјави Благој Бочварски, кадидат за градоначалник на О. Штип

Во делот на образованието, Заев рече, дека ќе се вложат огромни напори за подобрување на едукативниот процес на УГД, како и на јакнење на стандардот на штипските студенти.

- Верувам дека штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ ќе блеска со сиот свој сјај, онака како што сите сакаме тоа да го видиме-изјави Заев

СДСМ во моментот е фокусиран само на локалните избори и ставот на партијата е дека се уште е многу рано да се размислува за предвремени парламентарни избори.