Македонија
14. April 2016 - 20:29

СДСМ со истите хулигани од 5-ти мај обучувани од Канвас и сега создава немири и насилство- исто како во Украина

Истите лица кои ги создаваа немирите на протестот на 5-ти мај пред Владата можат да се забележат и на сегашните протести организирани од СДСМ и СОРОС.  Во Македонија  оддамна веќе е јасно дека Зоран Заев го посакува украинското сценарио во Македонија. Целиот негов план се базираше на креирање хаос, безредие, крвопролевање, па и поделба на Република Македонија.

1protesti

Целото сценарио кое требаше да ја преслика ситуацијата во Македонија беше најавено и во скајп конверзацијата помеѓу Зоран Верушевски и неговиот соработник од УБК. Да потсетиме дека ова сценарио СДСМ, Заев и Верушевски се обидоа да го реализираат на протестите на 6 мај, каде што повеќе од 30тина припадници на безбедносните сили беа повредени од страна на хулиганите.

edna-640x360

Истото сценарио вчера Зоран Заев го најави и на неговото гостување во емисијата Топ Тема, каде што водителот го праша опозицискиот лидер дали со одлуката, Претседателот поставил темели за украинско сценарио, на што Заев одговори:

-Па може така да се каже, постави сериозни темели и за украинско сценарио во Македонија.

tri-640x360

Јавноста во Македонија е добро запознаена дека истите луѓе на Срџа Попович од Канвас што го реализираа украинското сценарио, а беа и тренери за протести во опозициските редови и ги обучуваа нивните членови заедно со навивачките групи како да протестираат и да направаат хаос и крвопролевање.

Во текот на украинското сценарио илјадници луѓе ги загубија своите животи, насекаде низ улиците можеше да се види морбидни глетки каде што распарчени луѓе лежеа по улиците, беа запалени државните институции, економијата на државата пропадна, БДП падна за повеќе од 10, делови од државата тонеа во криза и огромен број на фабрики беа затворени.

cetiri-640x360

Најмногу од тие протести искористија непријателите на Украина, кои зграбија делови од нејзината територија, а земјата и натаму е далеку од интеграција во Европската Унија, иако токму европските земји беа тие што ги поддржаа антивладините протести. Светот гледаше немили сцени во кои демонстранти каменуваат до смрт полицаец, но и сцени во кои снајперисти стрелаат во демонстрантите.

Демонстрации со слично сценарио во изминативе два дена ѝ се случуваат и на Македонија. Опозицијата во секоја демократска земја, иако стои зад протести, апелира тие да бидат мирни и демонстрантите да се воздржуваат од насилство, од судири со чуварите на редот, како и да избегнуваат уништување јавен државен имот.

Македонската јавност вчера беше сведок како поголема група вандали ги демолираа просториите на Народната канцеларија на претседателот, удрија и по Министерството за правда, а пред да ескалира целата ситуација, се обидоа да нападнат и двајца полицајци кои случајно, без штитови, се најдоа пред толпата. Реакцијата на полицијата следуваше дури после директниот напад на хулиганите врз чуварите на редот.

Истите ликови кои кршеа и демолираа вчера предизвикуваа немири и насилства и на 5-ти мај пред Владата.

Што ѝ донесоа насилствата на Украина?

Според официјалните бројки, околу 1,5 милион луѓе се внатрешно раселени во земјата, плус околу еден милион заминале надвор од државата. Вистинските бројки веројатно се уште полоши. Во 2014 година падот на БДП на Украина беше 6,8 проценти, националната валута хривна во 2014 и во 2015 година загуби 70 отсто од својата вредност, односно девалвира 70 проценти. Во наши услови, тоа би значело еврото да скокне од 61,5 денари, на 105 денари, а платите да останат исти.

Потрошувачката на граѓаните во 2014 година опадна за 9 проценти, а во 2015 година за 21 процент. Тоа директно се одрази и врз тамошните фирми. Само во 2015 година имаше пад на извозот од 31 отсто.

Што би значело за Македонија пад на извозот од 31 отсто? На пример, секоја конфекција во Штип или секоја фабрика за кондури во Паланка или секоја фабрика во 1 година да има за 31 отсто помал извоз.

Животниот стандард во 2014 и во 2015 година е преполовен. Преку девалвацијата на националната валута, годишната инфлација отиде на 43 проценти. Според  британски „Гардијан“, во Украина се затворени четири од вкупно пет големи државни земјоделски комбинати.

Во воените судири на двете страни се ранети околу 21.000 лица. Има голем број трајни инвалиди. Загинати се околу 10.000 луѓе на двете страни. Најголемиот број загинати се на возраст од 20 до 35 години, односно родени се меѓу 1980 и 1995 година.

Според „Гардијан“, актуелниот претседател на државата, Петро Порошенко, е помалку популарен од претходниот претседател, кој беше соборен со насилните демонстрации и со внесувањето на земјата во војна.