Македонија
23. November 2016 - 17:14

СДСМ синоќа митингуваше во Аеродром

Опозицијата предводена од СДСМ вчера довербата за предвремените парламентарни избори ја бараше од гласачите во Аеродром. Под слоганот За живот во Македонија, пред присутните симпатизери, носителот на листата во ИЕ 1 Стево Пендаровски побара поддршка за кандидатите за пратеници. Презентираше дел од изборната програма на СДСМ, и најави продолжување на мандатот на СЈО.

На митингот се обрати и лидерот на партијата Зоран Заев, кој најави дел од мерките кои ги предвидуваат со програмата меѓу кои и дека планираат да  ја покачат минималната плата.

Караванот на СДСМ вториот ден од кампањата имаше активности и во Драчево и Кисела Вода.

На митингот во Аеродром  опозицијата предводена од СДСМ  побара поддршка од гласачите сите кандидати за пратеници од листата во првата изборна единица.