Македонија
23. May 2017 - 19:56

СДСМ: Пресудите се криминални и срамни, ВМРО-ДПМНЕ: Очекуваме пресуда и за лицата кои ги прекршија уставот

Срам за македонското судство и еден од најцрните денови во историјата за него. Вака Социјалдемократскиот сојуз на Македонија реагираше на судската одлука за обвинетите од настаните во Собранието. Од партијата велат дека пресудата е криминална и партиски нарачана.

На денешната судска одлука реагираше и ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека нападот во Собранието се случил одвантре со кршење на уставот, собранискиот деловник и насилничкиот избор на претседател.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека очекуваат правосудите органи да изречат казни и за одговорните за политичкото насилство и законот во собраниската сала.