Македонија
11. October 2015 - 20:51

СДСМ прави се' за да ја суспендира дијаспората, само затоа што не гласа за нив

Она што по секоја цена сакаат да го направат е дијаспората да биде суспендирана. Зошто е тоа така, затоа што дијаспората во најголем процент гласа за нас, за ВМРО-ДПМНЕ, рече премиерот Никола Груевски при гостувањето во Дневникот на СИТЕЛ.

-Тоа е исто како јас да побарам онаму каде што СДСМ победува почесто да барам такви услови за тие места да тие луѓе не можат да гласаат, односно нивниот глас да исчезне или да се суспендира гласањето. Еве Заев не' победил во Струмица и еве сега ние да речеме Струмица нема да гласа, ќе поставиме такви услови да нивните гласови или неважат или да не се гласа во Струмица. Тоа е основата на проблемот, да имаше победа СДСМ во дијаспората, таа немаше  да биде предмет на расправа, рече Груевски.

Премиерот нагласи дека луѓето се “криви“ во дијаспората затоа што го поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ, односно политиките на ВМРО-ДПМНЕ.

-Она што исто така е значајно, ај што побараа да имало одерден број на минимум гласови што ќе гласаат за еден пратеник, што е комплицирана работа. Вие знаете, јас и Заев гласаме или во нашата улица или во соседната улица, но некој во Америка, во Австралија, во Канада, во Европа треба да патува во најдобар случај 15 до 20 километри, во најчести случаи 50 до 100 километри, некои 300 до 400 километри, а некои 1000 километри. Нормално е дека таму ќе има помала излезност и нормално таму условите треба да бидат полесни. Но, еве ние за да бидеме конструктивни и да не дозволиме да бидеме виновници за оваа работа се согласивме да се утврди некоја бројка минимална, со која ќе гласа дијаспората односно минимум број на гласови за избор на пратник. Е сега бараат за дијаспората да треба да има повеќе гласови, на пример од 6 ИЕ во Македонија.  Сега тие го наметнуваат просекот за избор на пратеник, што значи дека дијаспората ќе треба со патување по 500 или илјада километри да освои повеќе гласови од на пример 5 или 6 ИЕ во Македонија за да освои еден пратеник, вели Груевски.

Тој додава дека тоа е некоректно и порачува до СДСМ да не глумат дека не биле против дијаспората да гласа.

-Се прават дијаспората да не гласа и тоа е само затоа што дијаспората не ги поддржува нивните политики. Тоа се виде на претходните избори.  Со такви апсурди се соочуваме, рече Груевски.