Македонија
5. December 2016 - 20:47

СДСМ поткупува гласачи во Куманово

СДСМ преку свои НВО поткупува гласачи во Куманово со делење дрва, пишува Курир. Во борба за глас повеќе, на точно една недела пред гласањето се поткупуваат гласачи Роми од Куманово, кои велат дека СДСМ стои зад акцијата, а невладината организација се користи само како параван зад кој се крие обидот да се придобијат нивните гласови.

Информациите од МВР до кои дошле од Курир, потврдуваат дека во склад за дрва во Куманово на ромски семејства им се делат дрва за огрев. Лицата од невладината организација кои се претставиле како хуманитарно здружение „Романо Пралипе“ тврделе дека за акцијата која ја спроведувале во моментот имале проект за што бил запознаен и кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски.

Според Курир, проектот кој требало да го спроведе невладината организација, а кој всушност е купување на гласови, предвидувало делење на 300 кубни метри дрво на 150 ромски семејства.

К.М. кој е еден од лицата на кои им биле дадени огревни дрва, за Курир вели дека со партиска книшка од СДСМ на која со друго пенкало си го има допишано матичниот број, се легитимира. Истакнува и дека кога од СДСМ биле во посета на нивното маало им било речено „да не се секираат за ништо бидејќи сега полицијата е под СДСМ“.

Во текстот на Курир стои дека одговорен за целата опeрација „Поткуп со дрва“ е првиот човек на здружението Мемиш Гарп, кој според фотографиите објавени во порталот е близок соработник на генералниот секретар на СДСМ и технички министер во МВР Оливер Спасовски, како и партискиот портпарол Петре Шилегов.

Според информациите на Курир, лицата кои добиле дрва се повикуваат на разговор во МВР, истите се фото документираат и одземаат со потврда за привремено одземени предмети, а ќе се разговара и со лицата кои не добиле дрва. За се’ е известен јавен обвинител и се работи по негови насоки.

Според Курир, ваквото потценување на граѓаните не е нешто ново кога СДСМ е во прашање. На изборите во 2011-та година, СДСМ шеташе од врата на врата и делеше локум, кафе и наполитанки за купување на гласовите на граѓаните, додека коалициониот партнер на СДСМ Самка Ибраимовски им даваше расипано месо на Ромите за да гласаат за нив. 

Според Казнениот законик, на лицето кое дава поткуп при избори и гласање му се заканува затвор од најмалку 5 години.