Македонија
9. October 2015 - 19:16

СДСМ нема поддршка кај гласачите во Македoнија, нема ни во дијаспората

Гласањето на македонската дијаспора речиси воопшто не отстапува од стандардите во евроспките земји со сличен изборен модел како македонскиот.

Соодносот на просечниот број гласови по мандат во матичната земји  и бројот на гласови по мандат во дијаспрата е идентичен во Македонија и земјите во Европа чија дијаспора директно избира свои претставници во Парламентот. Според условите кои ги поставува СДСМ, без право на глас би останале иселениците од најголем број европски земји.

Така на пример во Франција просечниот број на гласови со кои се освојува пратеничко место е 46.194 наспроти 20.286 гласови со кои во оваа земја пратеник избира дијаспората. Соодносот изнесува 1:2,28.

Во Романија просечниот број на гласови по мандат во матичната земја е 19729 наспроти 15220 во дијаспората или 1:1,29.

Во Хрватска разлиоката е уште повисока па додека за мандат во матичната земја просечниот број гласови е 16.954 дијаспората избира пратеник со 7033 гласа. Соодносот изнесува 1:2.41.

За споредба во Макеоднија соодносот изнесува 1:2,45 односно просечниот број гласови по мандат во земјава е 9 340 додека дијаспората избира со просек од 3814 гласа.

Во европските змеји гласањето ан дијапсората е далеку поедноставно поради големиот број избирачки места на кои иселениците можат да го реализираат своето право.

Македонските иселеници гласаат во исклучително мал број избирачки места па дел од нив се принудени во неколку наврати да поминат и по неколку стотици па и илјадници километри- најпрво за регистрација и добивање на избирачко право, потоа за гласање а на крајот и за прегласување или втор изборен круг.

Опозициската СДСМ бара дијаспората да избира пратеник со најмалку 85 проценти од гласовите потребни за избор на пратеник во Македонија но истовремено не дозволува отворање на повеќе избирачки места во местата каде има поголема концентрација на македонски државјани што практично значи откажување од дијаспората и бликирање на нејзиното право на глас.