Македонија
20. November 2017 - 17:37

СДСМ: Наместо да шири лажни вести, ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржи процесите што носат придобивки за сите граѓани

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да шири лажни вести и останува заробенa во своите политики на поделби, конфликти и изолација, политики што граѓаните целосно ги отфрлија на последните избори.

Новото време на соработка, пријателство, напредок и заедништво ги отвора перспективите на Македонија како едно општество во кое сите граѓани ќе бидат еднакви спрема правата и обврските. Измените на Законот за употреба на јазиците ја унапредуваат употребата на сите јазици на сите заедници во Република Македонија и истите се во согласност со Уставот на Република Македонија и Амадманот пет кои што се донесени пред 16 години.

Неуспешен е обидот на ВМРО-ДПМНЕ да манипулира со јавноста и да создава нови, вештачки поделби меѓу граѓаните. Употребата на Македонскиот јазик и Албанскиот јазик нема да биде идентична.

Наместо секојдневно да шири лажни вести, граѓаните очекуваат ВМРО-ДПМНЕ да се надмине и да даде поддршка на процесите што носат придобивки за сите граѓани и коишто ја градат Македонија како едно општество за сите.

Центар за комуникации со јавноста  Социјадемократски сојуз на Македонија