Македонија
7. November 2016 - 20:33

СДСМ мотивирана од поразот ги напушти принципите од 2014

Поставувањето на партиското раководство на СДСМ на изборните листи претставува напуштање на таканаречениот „Нов концепт“ кој толку лидерот на СДСМ, Зоран Заев бомбастично го промовираше на предвремените парламентарни избори во 2014 година, кога на листите се најда голем број анонимни имиња.

Политичките аналитичари сметаат дека одлуката на Заев овој пат да се кандидара за пратеник најверојатно е мотивирана од проценките дека опозицијата ќе ги загуби овие избори и затоа раговодството си обезбеди сигурно пратеничко место, а Заев пратенички имунитет.

Во 2014 година, Нов партиски концепт и стратегија, каде тогашното највисоко партиско раководство одлучи да не биде на изборните листи беше мотивиран од убеденоста дека тие ќе ја формираат новата влада.

Напуштањето на овој концепт, денеска го коментираше и ВМРО ДПМНЕ

Аналитичарите прашуваат каде исчезнаа убеденоста и сигурноста на СДСМ во победата на престојните парламентарни избори како што беше случајот и во 2014 година?