Македонија
31. July 2015 - 16:46

СДСМ и соросоидите бараат да им се одземе правото на глас на иселениците и пратеници од дијаспората

СДСМ продолжува со барањато да се одземе правото на глас на дијаспората. Сега бара да се намали вредноста на гласовите на иселениците.

Иако дијаспората на скоро сите европски земји имаправо на глас,  а во некои примери како Хрватска, гласовите на  иселениците многу често одлучуваат кој ќе победи - СДСМ сака да продаде приказна дека ЕУ бара да се стопира гласањето на дијаспората.

Ова нивно барање создаде револт кај организациите од дијаспората.Барањето да се намали вредноста на гласовите на дијаспората, според иселеничките организации е апсурдно, и доколку се реализира - тоа значи дека тие ќе останат без свои претставници во македонскиот парламент иако со девизниот прилив учествуваат со 20% од Македонскиот БДП.

Според нив, апсурдно е нивните гласови да се вметнат во пропрционалниот модел затоа што тие за разлика од гласачите овде често поминуваат по илјадници киломентри за да стигнат до конзулатот или амбасадата каде што може да гласаат.

Иселениците велат дека пратениците од дијаспората до сега не одлучиле кој ќе го има мнозизнството во парламентот затоа што ВМРО ДПМНЕ во последните изборни циклуси победува и со над 20 пратеници разлика, и токму затоа нелогично е да се оспорува.

На ова барање на СДСМ се надоврзува барањето на Соросоидите кои сакаат Македонија да стане една изборна единица, без цензус. Ова би значело зголемување на излезноста на албанското гласачко тело кое би освоило повеќе гласови и пратенечки места.

Ваквите барања корсепондираат со ветувањата на Зоран Заев кој ветуваше изучување на албански уште од најмала возраст на целата територија на Македонија.

Познавачите велат дека оспоровањето на правото на глас на дијаспората е тема која СДСМ вештачки ја вметнува во преговорите за подоцна во преговорите да се отгаже од неа и така да бара дургата страна да се откаже од некое од своите барања.