Македонија
9. April 2016 - 16:11

СДСМ и коалиционите партнери потпишаа платформа за демократска Македонија

Опозициската коалиција ја потпиша платформата за демократска Македонија.

14 партии од опозицискиот блок се обврзаа за бојкот на изборите доколку според нив не се исполнат условите за фер, регуларни и демократски избори на 5-ти јуни.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, повика на општ бојкот на парламентарните избори.

Во Платформата опозицискиот блок бара изборите да бидат фер, демократски и регуларни, медиумите слободни и објективни, а институциите независни.

Додека опозициските партии ја потпишуваат платформата, познавачите на состојбите во државата велат дека СДСМ по којзнае кој пат ја составува коалицијата со исти луѓе кои постојано се растураат и здружуваат.

Според нив денешната платформа е веќе видена работа.