Македонија
7. October 2015 - 16:28

СДСМ го промовираше првиот столб од проектот ,,Визијата за Македонија‘‘

Искрени сме во намерите да прифатиме било каква сугестија од обичните граѓани, преку кои подобри придобивки би имале идните генерации, посочи претседателот на СДСМ Зоран Заев, на централната дебата од проектот “Визијата за Македонија”, посветена на создавањето на одговорна власт и контрола на власта.

Сите идеи и предлози кои ќе бидат прифатени и вметнати во програмата на СДСМ, ќе бидат претставени на отворениот програмски конгрес, кој ќе се одржи во ноември.

Во своето обраќање, Претседателот на комисијата за економија на СДСМ Драган Тевдовски, потенцираше дека целта на ваквите дебати е да се победи нееднаквоста во Македонија, пред законите, при вработувањето, во остварувањето на доходот, односно во сите сфери од општеството.

Овој проект на СДСМ ќе трае пет недели, а ќе бидат остварени 28 средби со граѓаните.