Македонија
7. October 2015 - 21:32

СДСМ го демантира Заев - Закон за бомбите ќе се гласа до 20-ти октомври

СДСМ сепак призна дека прифатила Законот за забрана за поседување и објавување на прислушуваните разговори да се донесе во Собрание, иако лидерот Зоран Заев и партискиот портпарол Петре Шилегов го тврдеа спротивното.
 
Извори од преговорите велат дека СДСМ го прифатила решението Законот да се донесе во нова процедура, но најдоцна до 20 Октомври.
 
Со ваквото прифаќање, намалена е можноста СДСМ да го блокира Изборниот законик, барајќи начин како да ги одложи изборите.
 
Со ова, потенцираат нашите извори, изборите во април стануваат се’ поизвесни. СДСМ има се’ помалку начини како да избега од граѓаните и од нивниот суд.