Македонија
4. April 2016 - 16:28

СДСМ бара оставка од Коце Трајановски

Дамјан Манчевски, координатор на советничката група на СДСМ и коалициските партнери во Советот на Град Скопје денеска побара од градоначалникот Коце Трајановски да поднесе оставка од функцијата.

Според Манчевски, процедурата за поставување на двоглавиот орел и крстот во населбите Чаир и Бутел е целосно прекршена. 

- Споменикот и крстот се поставуваат на улиците „Втора македонска бригада“ и „Александар Урдаревски“, кои се под ингеренции на градот. За овие споменици, градот воопшто нема донесено никаква одлука, рече Манчевски.

Тој информира дека двата споменика не се дел од програмите ниту на градот, ниту на општините Чаир и Бутел, не е утврдено која е потребата за нивно поставување, не е донесена одлука за местоположбата на двата објекти и не е утврден нивниот изглед. 

- Овие прекршоци јасно покажуваат дека двата споменика се дивоградби, рече Манчевски.