Македонија
8. February 2016 - 19:30

СДММ: Студентскиот град во Штип е само ливада

Младите социјалдемократи од Штип денес на прес конференција од пред старото нервно одделение каде треба да се изгради новиот студентски дом, обвинија дека актуелната владеачка гарнитура ги занемарува потребите на младите во изминативе 10 години, што резултира со 52 % невработеност на младите лица, а 626 000 граѓани си заминале од Макеоднија. Во Штип не постои јавен превоз, кино салите се одамна затворени, а студентскиот стандард под секое ниво, додаде Даниел Милевски.

- Проектот „Студентски град“ во Штип, што заземаше и по неколку страници во предизборните програми на ВМРО Дпмне, остана само празна ливада. За цели 10 години не е изграден ниту еден нов студентски дом, ниту во Штип, ниту во Македонија- изјави Даниел Милевски, Локален клуб СДММ –Штип.

Од УМС на ВМРО Дпмне велат дека токму ВМРО-ДПМНЕ го отвори Универзитетот Гоце Делчев, на кој денес студираат околу 20.000 студенти. Тие со своите дипломи, стануваат конкуренти не само на домашниот пазар, туку и во европски и светски рамки. Студентски град не е изграден во Штип затоа што на местото на старото нервно одделние Универзитетот Гоце Делчев има свој концепт за изградба на студентски дом.