Живот
27. јуни 2016 - 21:14

Сцени од кои застанува здивот: Фотографии на Земјата од вселената

За време на престојот на Меѓународната вселенска станица Тим Пик беше многу зафатен.

Британскиот астронаут го истрча лондонскиот маратон, и упати честитки на Адел за освоената Брит награда, им читаше приказни за добра ноќ на децата од целиот свет и секоја сабота наутро го чистеше „вселенски брод“ на НАСА, пишува „Телеграф“.

На задоволство на многумина Пик имаше можност и неколку пати да го овековечи лицето на планетата Земја. Резултатот е серија величенствени фотографии на кои „третиот камен од Сонцето“ изгледа како дело на апстрактна уметност.