Македонија
16. јуни 2017 - 8:53

Сценарио за поплави во Македонија на меѓународна вежба во Пепелиште

Македонската дирекција за заштита и спасување од денеска е домаќин на петдневна меѓународна вежба „MODEX 2017“, што ќе се одржи во Центарот за обука на АРМ.

Сценариото за вежбата, во организација на Механизмот за цивилната заштита при Европската Унија, е поплави во Македонија со фокус на активностите во делот на давање медицинска помош на погодени лица. 

Со вежбата, соопштува Дирекцијата, ќе се провери и како функционира државата при прием на меѓународни тимови повикани од наша страна и како тимовите функционираат при вакви настани.