-->
-->
СЦЧП: Во руските напади во Сирија убиени речиси 600 лица за еден месец
-->
Во руските удари од воздух загинале речиси 600 луѓе во Сирија од почетокот на руските акции на 30 септември. Повеќето од нив се членови на вооружени групи, соопшти Сирискиот центар за човекови права.
Руските удари биле нанесени во 10 од 14 сириски провинции. Поштедени од удари биле само Суејда и Тартус, провинции под контрола на режимот на Асад.
Центарот досега регистрирал 595 жртви – 279 умерени бунтовници и исламисти, кои се во сојуз со Џебхад ал Нусра што е дел од Ал каеда. Од убиените 131 се џихадисти на исламска држава, а 185 се цивили.
– Повеќето од ударите се насочени кон умерените бунтовници, исламистичките групи Џебхад ан Нусра, но беа напаѓани и региони под контрола на ИД, соопштија од Центарот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка